logo na opstina velesdesign

Почеток
Велес - водич
Локална власт
Јавни набавки
Пријави проблем
Архива на настани


 

Број на посети:

Добредојдовте на официјалната веб-страна на Општина Велес


Почитувани граѓани,


Оваа web страна е резултат на нашите напори на едно место да Ви ги понудиме сите релевантни информации поврзани со работата на Градоначалникот, Советот на Општината, администрацијата како и актуелните настани и случувања во градот. Искрено се надеваме на Ваше вклучување со сопствени забелешки, сугестии и коментари кои ќе бидат во функција на нејзин понатамошен развој, со што и понатаму ќе продолжиме да ја зајакнуваме меѓусебната доверба и соработка.
Вашите забелешки доставете ги на e-mail Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Со почит,
Општина Велес
 
Општина Велес на граѓаните од српската заедница им го честита големиот празник „Св. Сава“
Петок, 27 Јануари 2012 12:55

 
Дневен ред за 54-та седница на Советот на Општина Велес
Петок, 20 Јануари 2012 08:19
Повеќе...
 
Промовиран проектот: „Грижа на стари лица во домашни услови“ во партнерство на ОО на Црвен крст и Општина Велес
Четврток, 26 Јануари 2012 15:28

Согласно Националната програма за грижа на стари лица, Општина Велес неколку години наназад реализира проекти поврзани со подобрување на условите за живот на старите лица. Општината е партнер во проектот за грижа на стари лица во домашни услови што Општинската организација на Црвен крст од Велес успеа да го добие како грант од Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој. Проектот првите две години ќе се реализира со целосна поддршка на австриската влада. Во имплементацијата учествуваат волонтерите на Црвениот крст и медицински лица кои ќе пружаат нега и ќе се грижат за старите лица во домашни услови.

Повеќе...
 
Македонската ракометна репрезентација – идол на велешките ракометари
Четврток, 26 Јануари 2012 14:57

Ракометниот спорт во Велес секогаш бил во врвот на интересот на велешани. Децении на ред велешкиот ракомет е расадник на квалитетни спортисти што достоинствено ги бранат боите на Република Македонија и го афирмираат Велес во светот. И во овој состав на Македонската ракометна репрезентација има двајца велешани – Влатко Темелковски и Дејан Манасков. Женскиот ракометен клуб „Леов Бартек“ и Ракометниот клуб  „Борец“ се местата во кои се градат идните ракометни „борци“ во црвено-жолтиот дрес. Нивни  идоли се македонските ракометни репрезентативци.

Повеќе...
 
58 велешани запливаа во реката Вардар по светиот крст
Петок, 20 Јануари 2012 00:00

Дваесет и едно годишниот Антонио Тасевски го фати светиот крст во Вардар на денешниот христијански празник Богојавление Водици. Тој беше најсреќниот од деветмината другари кои денеска запливаа во Вардар по светиот крст. Минатата година не успеал, но годинава имаше среќа. Не му пречеше ладната вода да доплива прв до крстот. „По втор пат учествувам. Најпрво за здравје, а потоа и за среќа и благостостојба. Не се подготвував нешто специјално само решивме да се пријавиме и ете го фатив крстот и многу сум среќен", рече Антонио.

Повеќе...
 
Јавен оглас - Програма за самовработување
Среда, 18 Јануари 2012 09:02

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки  за вработување за 2012  година, предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015,  Агенцијата за вработување на Република Македонија на 17.01.2012 година, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС до  невработените лица

Повеќе...
 
Поддршка за македонската ракометна репрезентација
Петок, 13 Јануари 2012 14:56

Општина Велес, во соработка со 5ФМ Радио и АД „Жито Вардар“ организира масовен настан за поддршка на македонската ракометна репрезентација на претстојното Европско првенство во ракомет што ќе се одржи во Србија. Спектаклот исполнет со спортски дух, бодрење на македонските репрезентативци, вино и храна ќе се одвива во Младинскиот парк во текот на натпреварите на македонската репрезентација. Настанот ќе започне во недела, 15-ти јануари , во 18:30 часот, непосредно пред почетокот на првиот натпревар со селекцијата на Шведска. Љубителите на спортот, натпреварот ќе можат да го следат заеднички на видео бим во Младинскиот парк.

Општина Велес, 5ФМ  Радио и АД „Жито Вардар“ Ве покануваат со Македонија во срцето да ги бодриме заеднички нашите репрезентативци на Европското првенство во ракомет за мажи.

 
Квалитетот на наставата во фокусот
Четврток, 12 Јануари 2012 14:54

Во организација на Општина Велес, на 12-ти јануари годинава, во просториите на општината се одржа едукативна работилница за наставниците по македонски јазик и литература од основното и средното образование. На работилницата присуствуваа наставници од општините Велес, Чашка, Градско и Лозово.  Примената на највисоките стандарди во наставата, приближувањето до учениците, мотивацијата, поттикнувањето на инвентивноста и креативноста во реализацијата на наставните програми, изнаоѓањето и користењето на ресурси како и училишната етика беа само мал дел од темите разгледани на работилницата.

Повеќе...
 
Има 67 гости присутни

ISO 9001 Q-1442

Visit Veles



ЈКП Дервен - Велес


Центар за поддршка на НВО
ЗГ Виготски 


Valid CSS!