Импресум

Почитувани,

Добредојдовте во Велес,

Градот со 23 - вековна историја ги чува живи спомените на своите градители, револуционери, преродбеници и културни дејци. Тој е музеј на Македонија под отворено небо. Без оглед дали сакате да ја разберете историјата на Балканот, да ги посетите првиот театар, куќата на основачот на првото училиште на македонски јазик или црквата Свети Пантелејмон – македонската миланска скала, Вие сте на вистинското место. Ако пак Вашиот интерес е насочен кон археолошките локалитети или старата архитектура, повторно сте направиле вистински избор. Тука се Стоби, Велешкото кале, стрмните сокаци, европските градби од 19 век и автентичната староградска архитектура. Ако сакате да ја почувствувате традицијата, вкусете ги велешките специјалитети и вина од богатата гастрономска понуда и препуштете се на волшебните звуци на чалгијата. Во Велес има место и за љубителите на планинскиот и езерски туризам, за вљубениците во природата и интензивниот урбан ритам.

Градоначалник на Општина Велес,
Аце Коцевски