Соопштенија

Честитка од градоначалникот Аце Коцевски до граѓаните од католичка и протестантска вероисповед

 

Со голема благодарност за придонесот во негувањето на соживотот и највисоките човечки вредности во нашата заедница, на сите сограѓани и пријатели на Велес од католичка и протестантска вероисповед, во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните им го честитам големиот празник Воскресение Христово-Велигден.

Повеќе...

Јавна расправа по Студија за оцена на влијанието врз животната средина за Проектот: Експлоатација на техногена минерална суровина (тмс) на локалитет Баш Колиби во општина Велес

Информација за одржување на Јавна расправа по Студија за оцена на влијанието врз животната средина за Проектот:

Експлоатација на техногена минерална суровина (тмс) на локалитет Баш Колиби во општина Велес

Повеќе...

Честитка од Градоначалникот Аце Коцевски, по повод Светскиот ден на театарот

Почитувани,

Со искрена благодарност за Вашиот придонес во развојот на театарската уметност како една од најголемите културни вредности  на Велес, во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните, Ви го честитам 27. Март, Светскиот ден на театарот.

Повеќе...

Соработка со Хабитат за енергетски поефикасен Велес

На 26 март годинава, организацијата „Хабитат-Македонија“ ја одржа првата работилница за подготовка на акциски план за енергетска ефикасност во стамбениот простор.Активноста е дел од проектот  „Енергетска ефикасност на стамбени згради за домаќинства со ниски приходи“.

Повеќе...

Известување за компаниите

Почитувани,

Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од ЕУ, објавува конкурс до сите компании регистрирани во државата за избор на „Иновативно претпријатие на годината“.

Повеќе...

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

Се известуваат сите правни и физички лица на територијата на Општина Велес дека Градоначалникот распишува Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови.

Повеќе...

Ларвицидно третирање против комарци

Општина Велес во текот на викендот го започна  спроведувањето на ларвицидно третирање против комарци како општа мерка за заштита на населението од заразни болести. Мерката е планирана во Програмата за активностите на Општина Велес  во областа на здравствена заштита, во 2019 година.

Повеќе...

Честитка од градоначалникот Аце Коцевски по повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената

Драги сограѓанки,

Со голема благодарност за Вашиот голем придонес во развојот на Велес, во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на сите граѓани Ви го честитам 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената.

Повеќе...