|
Добредојдовте на официјалната веб-страна на Општина Велес |
Почитувани граѓани,
Оваа web страна е резултат на нашите напори на едно место да Ви ги понудиме сите релевантни информации поврзани со работата на Градоначалникот, Советот на Општината, администрацијата како и актуелните настани и случувања во градот. Искрено се надеваме на Ваше вклучување со сопствени забелешки, сугестии и коментари кои ќе бидат во функција на нејзин понатамошен развој, со што и понатаму ќе продолжиме да ја зајакнуваме меѓусебната доверба и соработка. Вашите забелешки доставете ги на e-mail
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Со почит, Општина Велес

|
|
Празнично мото рели во Велес |
|
Петок, 03 Септември 2010 18:18 |
|
Во рамките на 19-то издание на Меѓународното мото-рели „Независност 2010“, околу 300 мотоциклисти, на 3-ти септември годинава го донесоа звукот на брзината во Велес. Мотоциклистите ги пречекаа Градоначалникот Горан Петров и претседателот на Советот на Општина Велес , Славчо Чадиев и им посакаа успешно рели низ Македонија. Велес е првиот град што го посетија мотоциклистите кои одовде се упатија кон Штип.
|
|
Повеќе...
|
|
Време за нови спортови - Одбојка на песок во Велес |
|
Среда, 01 Септември 2010 13:41 |
|
Во организација на Општина Велес и Одбојкарскиот клуб „Борец“, на 4-ти и 5-ти септември годинава Велес ќе биде домаќин на првиот меѓународен турнир во одбојка на песок. „Ова е продолжување на напорите да ги поддржиме спортистите и спортските клубови во традиционалните, но и новите спортски дисциплини“ изјави на прес конференција Градоначалникот Горан Петров кој го образложи креирањето на игралиштето за одбојка на песок во градскиот парк. „Град кој има долга спортска традиција треба да има и соодветно игралиште за одбојка на песок“ рече Градоначалникот кој навести почеток на нова традиција на меѓународни натпревари во Велес.
|
|
Повеќе...
|
|
Животот се врати во училишните клупи |
|
Среда, 01 Септември 2010 13:39 |
|
На првиот училишен ден од учебната 2010/2011 година, Велес по традиција го исполни џагор и раздвиженост. Разделбите со родителите и првата средба со училишните клупи ги исполнија училиштата со емоции. Во оваа учебна година во основните училишта во Велес ќе учат вкупно 4939 ученици од кои 539 се првачиња. Во средните училишта се запишани 3035 ученици од кои 739 во прва година. Градоначалникот Петров на средба со новинарите изрази жалење што во Велес продолжува трендот на намалување на бројот на ученици кој годинава во основните училишта се намали за 5% . „Токму затоа уште пред два месеци на претседателот на Советот му доставив барање како точка на дневен ред да ја стави предлог одлуката за спојување на училиштата „Благој Кирков“ и „Џинот“ во еден правен субјект. Верувам дека оваа предлог одлука повторно ќе се најде на дневен ред на некоја од наредните седници.
|
|
Повеќе...
|
|
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - Канти за отпадоци |
|
Понеделник, 30 Август 2010 14:11 |
|
Во рамките на заложбите за постојано унапредување на состојбите со комуналниот отпад, Општина Велес на регистрираните правни лица кои вршат трговска дејност ќе им додели бесплатна канта за отпадоци од 120 литри.
|
|
Повеќе...
|
|
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - Јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на стопански комплекс свињарска фарма |
|
Понеделник, 30 Август 2010 14:13 |
|
|
|
Повеќе...
|
|
Топол културен бран - Борци низ прозорци |
|
Четврток, 26 Август 2010 12:55 |
|
Во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“, Општина Велес Ве поканува на промоција на книгата
„Борци низ прозорци“ од Васил Божикалиев промотор: Илија Петрушевски
30.08.2010 (понеделник) време: 19:30 часот место: Ликовен салон
|
|
Повеќе...
|
|
Младите поети заслужено во Охрид |
|
Среда, 25 Август 2010 12:49 |
|
Во рамките на 42-те Детски Рацинови средби, во Организација на Општина Велес и Друштвото на родители за грижа за здраво поколение, младите македонски поети се дружеа во Охрид. Поетските надежи имаа можност од 15-ти до 24-ти август да престојуваат во детското одморалиште „Радости“ и да творат заеднички покрај Охридското езеро. Нивниот престој го овозможи Сојузот за грижи и воспитување на деца на Република Македонија со цел да ги мотивира и поттикне да продолжат да творат и да го негуваат македонскиот литературен јазик. Да се сподели личната креативност во автентичниот македонски амбиент беше драгоцено искуство за децата од 8 градови од Македонија кои ова искуство го заслужија со наградите на 42-те Детски Рацинови средби.
|
|
Повеќе...
|
|
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - ЛУПД за стопански компллекс свињарска фарма |
|
Понеделник, 23 Август 2010 11:06 |
|
|
|
Повеќе...
|
|
VI-та Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“ |
|
Петок, 13 Август 2010 11:23 |
|
Дваесет и осум уметници од земјава и балканските простори, во десетдневен творечки наплив ги врамија шепотот на боите, гласот на историјата и душата на дрвото во своите дела со безвременски вредности. Уметниците од Словенија, Бугарија, Србија, Романија, Македонија и нашите велешани твореа во спомен куќите на Касапови и Џинот. Велешкото маало со автентична локација, стара архитектура и инспиративен поглед кон хоризонтот, стана дом на сликарите и копаничарите и ширум ги отвори портите и кепенците за сите намерници, вљубеници на уметноста.
|
|
Повеќе...
|
|