logo na opstina velesdesign

Локална власт
Урбани и месни заедници
Населени места
Архива на настани
Архива на документи

Отчет за работата на Општина Велес за 2013 година

 

 

 



 

Број на посети:

Совет на Општина Велес
Член 19
Органи на Општината се: Совет на Општината и Градоначалник на Општината (во понатамошниот текст: Совет и Градоначалник).

Член 20
Советот е претставнички орган на граѓаните.
Советот го сочинуваат 23 (дваесет и три) членови-претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.
Мандатот на членовите на Советот трае 4 (четири) години,
Членот на Советот не може да биде отповикан.

Член 21
Советот избира претседател од редот на членовите на Советот, со мандат од четири години.
Претседателот на Советот ги свикува и раководи со седниците на Советот, се грижи за организацијата и работата на Советот , ги потпишува прописите што ги донел Советот и во рок од 3 ( три ) дена од денот на нивното донесување ги доставува на Градоначалникот заради објавување.
Претседателот на Советот го преставува Советот.

Член 22
Членовите на Советот даваат и потпишуваат свечана изјава која гласи:
Јас (име и презиме) свечено изјавувам дека правата и должностите на член на Советот ќе ги вршам совесно и дека при нивното вршење ќе ги почитувам Уставот, законот, прописите на Советот и дека ќе го штитам уставниот поредок на Република Македонија”.

Член 23
Советот на Општината ги врши следните работи:
  1. Го донесува Статутот на општината и други прописи;
  2. Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
  3. Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на Општината, во рамките утврдени со Закон;
  4. Основа јавни служби во рамките на надлежноста на Општината и врши надзор над нивната работа;
  5. Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
  6. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала Општината;
  7. Ги усвојува извештаите за извршување на Буџетот и Годишната сметка на Општината;
  8. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со Закон;
  9. Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала Општината;
  10. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на Општината;
  11. Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на Буџетот на Општината, во согласност со Закон;
  12. Го избира лицето кое раководи со Подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во Општината, во согласност со Закон;
  13. Го разгледува и усвојува Годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на Општината, кој го доставува до министерот за внатрени работи и Народниот правобранител;
  14. Може да дава препораки на раководното лице на Подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот;
  15. Врши и други работи.
Доколку Советот не ги усвои извештаите од став1,точка 7 и 9 на овој член може да покрене постапка за вршење на контрола над материјалното и финансиското работење пред надленжиот орган за надзор.
Раководното лице од ставот 1, точка 12 на овој член е избрано ако за него гласале мнозинство од сите совети на општините,кој ги опфаќа подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.

Член 24
Советот работи на седници.
Седниците на Советот се јавни.
За исклучување на присуството на јавноста се одлучува ако за тоа постојат оправдани причини-прашања од доверлива природа од областа на безбедноста и одбраната , со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.
На расправата за Буџетот на Општината, Годишната сметка на Буџетот и за урбанистичките планови, присуството на јавноста неможе да се исклучи.

Член 25
Советот може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинство од вкупниот број членови на Советот.
Советот одлучува со мнозинство гласови од присутните членови на Советот, а најмалку со една третина од вкупниот број на членови на Советот, ако со Статутот не е предвидено посебно мнозинство.
На седниците на Советот по правило се гласа јавно,освен ако Советот не донесе Одлука за тајно гласање со мнозинство гласови од присутните членови на Советот.
За секоја седница на Советот се води Записник.

Член 26
Статутот, Буџетот, Годишната сметка на Буџетот и Деловникот за работа се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.

Член 27
Седниците на Советот се свикуваат по потреба, но најмалку еднаш на три месеци;
Седниците ги свикува претседателот на Советот на своја иницијатива, на барање на градоначалникот или на барање од најмалку 1/4 од членовите на Советот, најдоцна во рок од 15 дена од денот на неговото поднесување;
Доколку во рокот определен во ставот (2) на овој член, претседателот на Советот не ја свика седницата на Советот, членовите на Советот сами се состануваат и избираат претседател за таа седница;
Денот, часот и местото на одржувањето на седниците на Советот, како и предлогот на дневниот ред по кој ќе се работи, задолжително се објавуваат најдоцна седум дена пред денот на одржувањето на седницата, на начин утврден со Статутот.

Член 28
Вонредна седница се свикува за прашања од значење за безбедноста и сигурноста на граѓаните, за прашања кои настанале поради вонредни околности ( пожар, поплави, земјотреси и сл.) и при посета на делегација од друга земја кога истата сака да се обрати на членовите на Советот.

Член 29
Вонредната седница ја свикува Претседателот на Советот по сопствена иницијатива на предлог на најмалку 1/3 од членовите или на предлог на Градоначалникот.
Поканата за седницата со предложениот Дневен ред се доставува до членовите на Советот на најбрз можен начин.
Пред отпочнување со работа членовите на Советот гласаат за оправданоста на причините за свикување на седницата без материјална расправа.

Член 30
Членовите на Советот имаат право и должност да присуствуваат и да учествуваат во работата на Советот и на неговите постојани или повремени комисии.
Членовите имаат право на седницата на Советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на Градоначалникот.
Членот на Советот неможе да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Советот.
Работодавецот е должен да го ослободи од професионална работа членот на Советот заради присуство на седниците на Советот или на комисиите во кој е член.
Членовите на Советот имаат и други права и должности утврдени со Статутот и други прописи во согласност со овој Закон.

Член 31
Членот на Советот неможе да учествува во процесот на одлучувањето со прашања во кои тој и неговиот брачен другар, дете или роднина до втор степен странична линија има финансиски или други личен интерес.
Членот на Советот е должен да го информира Советот за прашањата за кој тој има финансиски или друг личен интерес.
Членот на Советот, неможе да биде вработен во општинската администрација на Општината во која е избран.
Со денот на вработувањето согласно став 3 на овој член ќе се смета дека членот на Советот поднел оставка.
Членот на Советот вработен во јавните служби кои ги основала Општината, неможе да учествува во процесот на одлучувањето за прашања што се однесуваат на јавната служба во која е вработен.

Член 32
На членот на Советот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран:
  • ако поднесе оставка;
  • во случај на смрт;
  • ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење од над 6 месеци;
  • ако настапи случај на неспојливост со функцијата член на Советот согласно со Законот за локалните избори;
  • ако со правосилно решение биде лишен од деловна способност и
  • ако престане да биде жител на Општината.
Советот на првата наредна седница, ќе ја констатира причината и денот на престанување на мандатот на членот на Советот и тоа:
  • во случаите од ставот 1, алинеја 1, од денот на одржувањето на седницата и
  • во случаите од ставот 1, алинеи 2, 3, 4, 5 и 6 со денот на исполнувањето на условот.
На членот на Советот може да му биде одземен мандатот ако неоправдано отсуствува од три седници на Советот по ред.
За оправданоста на отсуството од ставот 3 на овој член одлучува советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.

Член 33
За претресување на прашања од своја надлежност Советот формира комисии.
Комисиите на Советот се формираат како постојани и повремени.
Мандатот на постојаните комисии трае колку и мандатот на членовите на Советот.
Составот и времетраењето на мандатот на повремените комисии ќе се определи со Одлуката за нвиното формирање.

Член 34
Постојани комисии на Советот се:
  • Комисија за финансирање, Буџет и локален економски развој;
  • Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;
  • Комисија за општествени дејности;
  • Комисија за Статут и прописи;
  • Комисија за мандатни прашања, избори и именувања;
Комисиите се составени од 5 членови на Советот,освен Комисијата за мандатни парашања,избори и именување која број 3 члена.

Член 35
Комисиите на Советот на општината:
  • расправаат за прашања од областа за која се формирани;
  • даваат мислења и предлози до Советот;
  • ги разгледуваат предлозите на Градоначалникот, на членовите на Советот и иницијативите на граѓаните од областите за кои се формирани.

Член 36
Комисијата за финансирање, Буџет и локален економски развој ги разгледува прашањата во врска со финансирањето на општината, Буџетот и Годишната сметка како и прашањата од планирањето и програмирањето на локалниот економски развој.

Член 37
Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина ги разгледува прашањата од урбанистичкото планирање, прашањата од работата на јавните служби, прашањата од комуналното уредување на градот и населените места и прашањата од заштита на животната средина и природата.

Член 38
Комисијата за општествени дејности ги разгледува прашањата од надлежност на општината , а кои се однесуваат на културата, спортот и рекреацијата, социјалната заштита и заштитата на децата, образованието, здраствената заштита, јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот, цивилната заштита, противпожарната заштита, како и прашањата за доделување признанија и награди.

Член 39
Комисијата за Статут и прописи:
  • го утврдува предлогот на Статутот на Општината, ги разгледува иницијативите и предлозите за измена на Статутот и ја следи неговата примена и ги разгледува начелните прашања од статутарен карактер;
  • го утврдува Предлогот на Деловникот на Советот;
  • подготвува Предлог- мислења по Предлог законите кои се однесуваат на Општината;
  • разгледува и други општи акти од надлежност на Советот на Општината;
  • ги утврдува пречистените текстови,и се објавуваат во Сл.гласник на Општина Велес.

Член 40
Комисијата за мандатни прашања избори и именувања:
  • ги разгледува и подготвува предлози кои се однесуваат на мандатните прашања.
  • разгледува и подготвува предлози за избор и именување и разрешување од надлежност на Советот на Општината;
  • определува плати, надоместоци и други примања на избрани и именувани лица;
  • ја определува висината на надоместокот на патните и дневните трошоци на членовите на Советот како и на трошоци направени во извршувањето на задачите што им ги доверил Советот.
Претседателот и членовите на Комисијата ги избира Советот на својата прва седница.

Член 41
Претседателот и членовите на комисиите ги избира Советот на општината на предлог на Комисијата за мандатни прашања избори и именувања.
Предлогот за избор содржи онолку кандидати колку што се избираат членови на работните тела.
Политичките партии кои партиципираат во Советот на општината ќе бидат пропроционално застапени во вкупниот број на членови на сите комисии.

Член 42
Начинот на работа на комисиите поблиску се утврдува со Деловникот на Советот на општината.

(од Статутот на Општина Велес)

 
Има 30 гости присутни

Visit Veles

 

ЈКП Дервен - Велес






Valid CSS!