logo na opstina velesdesign

Почеток
Велес - водич
Локална власт
Јавни набавки
Пријави проблем
Архива на настани

 

Број на посети:

Помош за семејствата чиј дом го уништи пожар

Градоначалникот во посета на опожарената куќаСпиро Ристовски, Заменик министер за труд и социјална политика и Марјанчо Тодоровски, Државен секретар во министерството, на 03 февруари годинава  ги посетија опожарените домови на четири велешки семејства. Пожарот што избувна на 2-ри февруари годинава, причини значителна материјална штета која допрва ќе се проценува. На местото на настанот, на улицата „Стојан Јанакиевиќ“  бр. 10  Заменик министерот Ристовски  и Градоначалникот Петров најавија првична помош за семејствата. „Владата ќе ја разгледа проценката на штетата што ќе ја направи општинската комисија и ќе одлучи како понатаму да им се помогне на семејствата“ изјави Ристовски кој потенцираше дека засега за семејствата е обезбедена еднократна парична помош. „Општината ќе обезбеди помош и веќе им понудивме на семејствата да им ја плаќаме киријата до оспособувањето на домовите за живот“, изјави Петров.

24-та Велешани кои за половина час го изгубија својот дом во пожарот што избувна од сеуште неутврдени причини, засега се сместени кај свои роднини и пријатели. Територијалната противпожарна единица навремено реагираше и успеа да го локализира пожарот и да спречи негово проширување до околните куќи. Со оглед на ниските температури и ситуацијата во која се најдоа семејствата, секоја помош или иницијатива е добредојдена.

 
Има 10 гости присутни

ISO 9001 Q-1442

Мапа на Велес / Veles city map

ЈКП Дервен - Велес


Центар за поддршка на НВО
ЗГ Виготски 


Valid CSS!