logo na opstina velesdesign

Почеток
Велес - водич
Локална власт
Јавни набавки
Пријави проблем
Архива на настани

 

Број на посети:

Климатски промени и потенцијали

Ветерница со пораки од ученицитеВо организација на ЕУ инфо центарот-Скопје и ЕУ инфо точката на Општина Велес, во соработка со ЕД „Вила Зора“, на  29 јануари годинава, во просториите на општината се одржа предавање посветено на климатските промени и потенцијалите на алтернативните енергии. Предавањето го одржа д-р. Ненад Коциќ, претседател на Еколошкото друштво „Вила Зора“. Присутните ученици од основните училишта во општината имаа можност да слушнат информации за негативните ефекти на глобалното затоплување и климатските промени и да дознаат нешто повеќе за можностите за користење на ветрот и сонцето како алтернативни извори на енергија во битката против глобалното затоплување.

 

По предавањето се одржа работилница на која учениците напишаа свои размислувања и пораки и  симболично ги закачија на ветерница. Целта на предавањето беше да се поттикнат младите генерации на креативно размислување и понатамошни активности за подобрување на животот во својата локална заедница и глобално, планетата.

 

 
Има 11 гости присутни

ISO 9001 Q-1442

Мапа на Велес / Veles city map

ЈКП Дервен - Велес


Центар за поддршка на НВО
ЗГ Виготски 


Valid CSS!