logo na opstina velesdesign

Почеток
Велес - водич
Локална власт
Јавни набавки
Пријави проблем
Архива на настани

 

Број на посети:

Сашко Најдов најсреќен на Водици

Водици 2010Сашко Најдов беше најсреќен од педесетмината кандидати кои годинава се флија во Водите на Вардар во потрага по светиот крст. Традиционално големиот христијански празник Богојавление – Водици на бреговите на Вардар собра голем број граѓани. 21 годишниот Сашко Најдов успеа најбрзо од сите да дојде до светиот крст што Митрополитот на Повардарската Епархија г. Агатангел го фрли во водите на Вардар. На светиот чин присуствуваше и Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, Градоначалникот Горан Петров и  претседателот на Советот на Општината, Славчо Чадиев.

 

Веднаш по фаќањето на светиот крст во водите на Вардар, Сашко Најдов изјави дека очекува оваа година да му донесе среќа, здравје и бериќет. Во името на Општина Велес, Градоначалникот Петров, на Сашко Најдов му подари DVD player. Тој доби подароци и од Повардарската Епархија, ЈКП „Дервен“ и неколку фирми од Велес. Православните христијани на празникот Богојавление-Водици го одбележуваат чинот на крштевањето на Исус Христос во водите на светата река Јордан. И годинава, фрлањето на светиот крст се организираше во сите градови во Македонија.

Водици 2010 Водици 2010

 Водици 2010

Водици 2010 Водици 2010

 
Има 10 гости присутни

ISO 9001 Q-1442

Мапа на Велес / Veles city map

ЈКП Дервен - Велес


Центар за поддршка на НВО
ЗГ Виготски 


Valid CSS!