|
Добредојдовте на официјалната веб-страна на Општина Велес |
|
Почитувани граѓани,
Оваа web страна е резултат на нашите напори на едно место да Ви ги понудиме сите релевантни информации поврзани со работата на Градоначалникот, Советот на Општината, администрацијата како и актуелните настани и случувања во градот. Искрено се надеваме на Ваше вклучување со сопствени забелешки, сугестии и коментари кои ќе бидат во функција на нејзин понатамошен развој, со што и понатаму ќе продолжиме да ја зајакнуваме меѓусебната доверба и соработка. Вашите забелешки доставете ги на e-mail
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Со почит, Општина Велес
|
|
|
Дневен ред за 55-та седница на Советот на Општина Велес |
|
Понеделник, 30 Јануари 2012 15:27 |
|
|
|
Повеќе...
|
|
Јавен оглас - Програма за самовработување |
|
Среда, 01 Февруари 2012 13:49 |
|
Со цел да овозможи поголемо учество и опфат на невработени лица кои се заинтересирани своето вработување да го решат преку Програма за самовработување, Агенцијата за вработување на Република Македонија, врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2012 година и Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, на ден 01.02.2012 година, повторно објавува
ЈАВЕН ОГЛАС до невработените лица
|
|
Повеќе...
|
|
Велес ги пречека своите репрезентативци |
|
Понеделник, 30 Јануари 2012 12:45 |
|
Влатко Темелков и Дејан Манасков си дојдоа дома по успешната битка со најдобрите ракометни репрезентации на Европа. Полни со возбуда и импресии пред општинската зграда беа пречекани од велешките граѓани, вљубеници во спортот, спортисти, спортски работници, пратеници и членови на Советот на Општина Велес. Заедно, како што тоа го правеа во изминативе 2 недели се пееја официјалната и навивачката химна, се споделуваше радоста.
|
|
Повеќе...
|
|
Промовиран проектот: „Грижа на стари лица во домашни услови“ во партнерство на ОО на Црвен крст и Општина Велес |
|
Четврток, 26 Јануари 2012 15:28 |
|
Согласно Националната програма за грижа на стари лица, Општина Велес неколку години наназад реализира проекти поврзани со подобрување на условите за живот на старите лица. Општината е партнер во проектот за грижа на стари лица во домашни услови што Општинската организација на Црвен крст од Велес успеа да го добие како грант од Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој. Проектот првите две години ќе се реализира со целосна поддршка на австриската влада. Во имплементацијата учествуваат волонтерите на Црвениот крст и медицински лица кои ќе пружаат нега и ќе се грижат за старите лица во домашни услови.
|
|
Повеќе...
|
|
Македонската ракометна репрезентација – идол на велешките ракометари |
|
Четврток, 26 Јануари 2012 14:57 |
|
Ракометниот спорт во Велес секогаш бил во врвот на интересот на велешани. Децении на ред велешкиот ракомет е расадник на квалитетни спортисти што достоинствено ги бранат боите на Република Македонија и го афирмираат Велес во светот. И во овој состав на Македонската ракометна репрезентација има двајца велешани – Влатко Темелковски и Дејан Манасков. Женскиот ракометен клуб „Леов Бартек“ и Ракометниот клуб „Борец“ се местата во кои се градат идните ракометни „борци“ во црвено-жолтиот дрес. Нивни идоли се македонските ракометни репрезентативци.
|
|
Повеќе...
|
|
58 велешани запливаа во реката Вардар по светиот крст |
|
Петок, 20 Јануари 2012 00:00 |
|
Дваесет и едно годишниот Антонио Тасевски го фати светиот крст во Вардар на денешниот христијански празник Богојавление Водици. Тој беше најсреќниот од деветмината другари кои денеска запливаа во Вардар по светиот крст. Минатата година не успеал, но годинава имаше среќа. Не му пречеше ладната вода да доплива прв до крстот. „По втор пат учествувам. Најпрво за здравје, а потоа и за среќа и благостостојба. Не се подготвував нешто специјално само решивме да се пријавиме и ете го фатив крстот и многу сум среќен", рече Антонио.
|
|
Повеќе...
|
|
Квалитетот на наставата во фокусот |
|
Четврток, 12 Јануари 2012 14:54 |
|
Во организација на Општина Велес, на 12-ти јануари годинава, во просториите на општината се одржа едукативна работилница за наставниците по македонски јазик и литература од основното и средното образование. На работилницата присуствуваа наставници од општините Велес, Чашка, Градско и Лозово. Примената на највисоките стандарди во наставата, приближувањето до учениците, мотивацијата, поттикнувањето на инвентивноста и креативноста во реализацијата на наставните програми, изнаоѓањето и користењето на ресурси како и училишната етика беа само мал дел од темите разгледани на работилницата.
|
|
Повеќе...
|
|
|