logo na opstina velesdesign

Почеток
Велес - водич
Локална власт
Јавни набавки
Пријави проблем
Архива на настани

 

Број на посети:

Добредојдовте на официјалната веб-страна на Општина Велес

Почитувани граѓани,


Оваа web страна е резултат на нашите напори на едно место да Ви ги понудиме сите релевантни информации поврзани со работата на Градоначалникот, Советот на Општината, администрацијата како и актуелните настани и случувања во градот. Искрено се надеваме на Ваше вклучување со сопствени забелешки, сугестии и коментари кои ќе бидат во функција на нејзин понатамошен развој, со што и понатаму ќе продолжиме да ја зајакнуваме меѓусебната доверба и соработка.
Вашите забелешки доставете ги на e-mail Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Со почит,
Општина Велес

Пријавете проблем до Општина Велес


 
ПОКАНА
Среда, 28 Јули 2010 14:25

Општина Велес и Општинската организација на Сојузот на борците од   НОАВМ Велес по повод 2 Август, Националниот празник на македонскиот народ – 107 годишнината од Илинденското востание и 66 годишнината од Првото заседание на АСНОМ,  Ве покануваат на

ЧЕСТВУВАЊЕ НА ДВАТА ИЛИНДЕНА

2 Август 2010 (понеделник)

9:00  Положување цвеќе и оддавање почит на загинатите борци
Место:       Спомен-костурница

9:30     Положување цвеќе и оддавање почит на Велешките Илинденци
Место:       Споменик на Велешките Илинденци

Превозот е организиран во 8:30 пред Трговски центар и Стоковна куќа

 
ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН – 2010
Среда, 28 Јули 2010 14:20

На 27 јули стартуваше првата манифестација од проектот на Министерството за култура Топол култирен бран 2010 во Велес.
Во организација на  Општина Велес оваа манифестација чија основна цел да ги доближи сите облици на културно создавање до сите граѓани, првата вечер   се одржа во два дела.
Во Ликовниот салон беше претставен културен триптих – изложба, промоција и концерт.
Изложбата на младиот сликар Јован Наумоски е приказ на детството на африканските деца низ фотографски филм со 36 пози. Промоцијата на книгата „Чоколада во портфолио“ на авторот Звонко Танески ја промовираа  проф.Анѓелина Бановиќ и проф. Маја Чипишевска Мојсова. Според нив станува збор за поезија – десерт за душата, што се конзумира  за засилување на чувствата. Врв на уметничкото доживување беше концетот на пијанистите Габриела Бачманова – Димовска и Илија Настовски кои исполнија дела од Дворжак, Григ и Пјацола.

Повеќе...
 
Баханалии на месечина
Среда, 28 Јули 2010 11:09

Во рамките на ИФАД „Стоби“, на 27-ми јули годинава ансамблот на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов“ –Џинот во преполниот антички театар ја изведе претставата „Баханалии“ на Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска. Публиката со овации и долготраен аплауз ја награди актерската екипа предводена од Васил Зафирчев во улогата на Дионис и  Маја Љутков во улогата на Пентеј . Актуелноста на текстот на Стефановски кој прозвучи како шлаканица и крик за отрезнување на сите општества од Дионис до денес, го привлече вниманието на публиката. „Ќе ви дадам оган, ваша работа е дали ќе ја стоплите или ќе ја запалите куќата“, порача Дионис во претставата. Во изјавата за медиумите Васил Зафирчев изрази задоволство што по подолго време настапи во Стоби со претстава што допре до публиката.

Повеќе...
 
Традиционален Илинденски марш
Вторник, 27 Јули 2010 07:25

Во рамките на одбележувањето на 107 години од Илинденското востание, Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978 година“ по 32-ри пат го организира традиционалниот Илинденски марш. На пат кон Крушево, на 28 јули годинава (среда), во 19 часот, коњаниците на Илинденскиот марш ќе пристигнат во Велес. Настанот ќе биде организиран во центарот на Велес, крај споменикот на велешките илинденци (споменик –коњаник), каде ќе бидат положени букети цвеќе. По тој повод ќе биде организирана пригодна културно-уметничка програма. Општина Велес Ве поканува со Вашето присуство да го поддржите 32-от Илинденски марш во пресрет на најголемиот празник на македонскиот народ-Илинден

 
Има 13 гости присутни

ISO 9001 Q-1442

Мапа на Велес / Veles city map

ЈКП Дервен - Велес


Центар за поддршка на НВО
ЗГ Виготски 


Valid CSS!